Известувања
ЈП за комунална дејност „Дебрца“ ги известува жителите на населените места Оровник и Горенци дека поради неработниот ден 12.10.2026г Понеделник (државен празник 11 октомври „Ден на народното востание“ во Недела, неработен ден Понеделник), комуналниот отпад ќе се подигне во Вторник на 13.10.2026г.
Известувања
Поради изведување на градежни активности на каптажите за вода кај водоснабдителен систем Караорман има појава на матност во водата.
Жителите од населените места Ботун, Белчишта, Лешани, Ново Село и Горно Средорече, поради матност да не ја користат водата за пиење до Вторник 13.10.2026г, односно до завршувањето на градежните работи и стабилизирање на состојбата во водоснабдителниот систем Караорман, за што повторно ќе биде објавено известување.
Известувања
Ставено е во функција електронското плаќање на фактури. Плаќањето може да се изврши преку Брзо плаќање (со внес на фактура) или преку Е-Корисник (регистрација на корисник во системот).
Услугата е активна и достапна за користење.
Известувања
Се известуваат жителите на с.Подмоље, с.Оровник, с.Горенци, с.Требеништа и с.Волино дека поради дефект на водоводна цевка ф315 ќе има намален притисок и прекин на водоснабдувањето.